Во тек е потпишување на договори за производство на бессемена лубеница со компанијата „Fresh line“, која ќе врши откуп на лубеницата по однапред утврдена цена од 10 денари за килограм. Оваа откупна цена ќе биде загарантирана со самиот договор, но може да биде и повисока зависно од моменталната цена на берзата во време на берба, велат од компанијата. Земјоделските производители ќе добиваат регрес семе, а ќе имаат и поддршка во едукација и други сугестии во текот на производството.
Се работи за производство на бессемена лубеница мини од 1-2,5 кг. и миди од 2,5-6 кг. Пласманот е обезбеден на странските пазари.
Повеќе информации околу договорното производство на бессемена лубеница можете да добиете од компанијата „Fresh line“ на телефонскиот број 071/788-640 и во следното видео.