Сточари и земјоделци од светиниколскиот регион денеска со земјоделската механизација го изразија својот револт, заради депопулацијата на свињите, кои се одгледуваат во семејните фарми, а се со висок ризик за ширење на африканската свинска чума.
Незадоволните земјоделци и сточари од овој регион го блокираа центарот на градот Свети Николе. Љубе Атанасов од Здружението „Овчеполски фармер“ вели дека имаат вкупно седум барања до ресорното министерство и надлежните институции, меѓу кои итно носење на интервентна мерка во делот на сточарството за запирање на мерката за уништување на свињите, кои не се зафатени со африканска чума.
-Итно носење на интервентна мерка за сточарството и говедарството за зголемување на сточниот фонд, во периодот на 2022 година во Општина Свети Николе се продадоа 4.000 овци. Итна измена на Законот за земјоделско земјиште во кое при распишување на оглас предност ќе имаат земјоделците од Општина Свети Николе, да се укине задолжителното осигурување на посевите, кое делува на субвенциите, да се продолжат договорите за закуп на земјоделско земјиште, вели Атанасов, пренесува МИА.
Меѓу барањата се и за субвенциите, како и фотоволтаиците да се поставуваат на земјиште од седма класа, а не на површини од прва, втора, трета или четврта класа.
Напишете коментар