Сподед најавата на Директоот на АФПЗРР Никица Бачовски, Повикот за Мерка 7 од ИПАРД програмата се очекува да биде објавен на почетокот на овој месец. Во меѓувреме информирајте се за условите за аплицирање и документите кои ви се потребни,.
Доколку имате конкретни прашања, и одговор на сите ваши дилеми можете да ни пишете во коментар или на Е-пошта: [email protected]
Прочитајте ги одговорите на некои од прашањата што ги добиваме секојдневно од страна на нашите читатели кои се заинтересирани да аплицираат на овој јавен повик.
- Дали Мерката 7 поддржува инвестиција развој на спортски риболов?
ИПАРД Мерка 7 подржува во рамките на Руралниот туризам инвестиции поврзани со спортски риболов. Тоа спаѓа во Аквакултура и рекреатвни активности за туристите, но потребна е соодветна дозвола издадена од МЗШВ.
2.Дали Мерка 7 поддржува одгледување на дивеч
ИПАРД Мерка 7 поддржува инвестиции за одгледување на дивеч во рамките на секторот за Алтернативно земјоделско производство. Меѓутоа треба да се има во предвид дека апликантот треба да поседува соодветна дозвола за тоа издадена од страна на МЗШВ.
3. Дали ИПАРД Мерка 7 поддржува подигнување на насади со боровинки во рамките на секторот за Алтернативно земјоделско производство?
Не , Мерката 7 не поддржува подигање на насади со боровинки , бидејќи боровинките спаѓаат во овошни насади и се опфатени со Мерката 1.
4.Дали за ИПАРД фондовите можат да аплицираат Здруженија на граѓани?
Не , здруженија на граѓани не можат да аплицираат за ИПАРД фондовите.
5. Дали во Мерка 7 прифатлива инвестиција може да биде винарија или дестилерија за ракија?
Во Мерка 7 од ИПАРД програмата, во приоритетниот сектор„ Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци“ спаѓа производство на алкохолни производи од грозје или овошје и пиво. Но сепак прифатлива инвестиција може да биде само дестилерија за ракија, но не и винарија.
6. Дали во Мерка 7 прифатлива инвестиција може да биде производство пакување на органско ѓубриво?
Да, производството на органско ѓубриво може да биде прифатлива инвестиција воо оваа мерка 7 во согласност со листата на прифатливи не- прехрамбени производи прикажана во Прилог 5 во упатството за корисниците на мерката 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“и согласно важечката Национална класификација на дејности ( НКД).
7. Во документацијата потрребна за приоритетниот сектор 7 – „Промоција на рурален туризам“наведено е дека потребно е да се достави Решение за вршење угостителска дејност-сместување. Како да се обезбеди овој документ доколку објектот не е изграден?
Доколку објектот не е изграден , односно е предвиден да се гради како инвестиција со ИПАРД Мерка 7 тогаш овој документ ќе се доставите пред исплата кога ке се изгради и заврши објектот.
Dali moze da se aplicira za renoviranje i modernizacija na postoecka svinjarska farma so pogolem kapacitet i nabavka na sortni grla na svinji?
Dali moze da se aplicira za renoviranje i modernizacija na svinjarska farma so pogolem kapacitet i nabavka na sortni grla na svinji?