Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Најчесто поставувани прашања за ИПАРД Мерка 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси


Сподед најавата на Директоот на АФПЗРР Никица Бачовски, Повикот за Мерка 7 од ИПАРД програмата се очекува да биде објавен на почетокот на овој месец. Во меѓувреме информирајте се за условите за аплицирање и документите кои ви се потребни,.

ИПАРД фондови: Мерка 7 -Диверзификација на фармите и развој на бизниси

Доколку имате конкретни прашања, и одговор на сите ваши дилеми можете да ни пишете во коментар или на Е-пошта: [email protected]

Исто така повеќе информации како и апликации може да спремите преку Консултантската фирма АГРОКУЛТУРА КОСАЛТИНГ , телефон 071 381 453.

Прочитајте ги одговорите на некои од прашањата што ги добиваме секојдневно од страна на нашите читатели кои се заинтересирани да аплицираат на овој јавен повик.

  1. Дали Мерката 7 поддржува инвестиција развој на спортски риболов?

ИПАРД Мерка 7 подржува во рамките на Руралниот туризам инвестиции поврзани со спортски риболов. Тоа спаѓа во Аквакултура и рекреатвни активности за туристите, но потребна е соодветна дозвола издадена од МЗШВ.

Услови и потребна документација за аплицирање на мерка 7 од ИПАРД – Рурален туризам

2.Дали Мерка 7 поддржува одгледување на дивеч

ИПАРД Мерка 7 поддржува инвестиции за одгледување на дивеч во рамките на секторот за Алтернативно земјоделско производство. Меѓутоа треба да се има во предвид дека апликантот треба да поседува соодветна дозвола за тоа издадена од страна на МЗШВ.

3. Дали ИПАРД Мерка 7 поддржува подигнување на насади со боровинки во рамките на секторот за Алтернативно земјоделско производство?

Не , Мерката 7 не поддржува подигање на насади со боровинки , бидејќи боровинките спаѓаат во овошни насади и се опфатени со Мерката 1.

Услови за аплицирање за мерка 1: Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства

4.Дали за ИПАРД фондовите можат да аплицираат Здруженија на граѓани?

Не , здруженија на граѓани не можат да аплицираат за ИПАРД фондовите.

5. Дали во Мерка 7 прифатлива инвестиција може да биде винарија или дестилерија за ракија?

Во Мерка 7 од ИПАРД програмата, во приоритетниот сектор„ Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци“ спаѓа производство на алкохолни производи од грозје или овошје и пиво. Но сепак прифатлива инвестиција може да биде само дестилерија за ракија, но не и винарија.

6. Дали во Мерка 7 прифатлива инвестиција може да биде производство пакување на органско ѓубриво?

Да, производството на органско ѓубриво може да биде прифатлива инвестиција воо оваа мерка 7 во согласност со листата на прифатливи не- прехрамбени производи прикажана во Прилог 5 во упатството за корисниците на мерката 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“и согласно важечката Национална класификација на дејности ( НКД).

7. Во документацијата потрребна за приоритетниот сектор 7 – „Промоција на рурален туризам“наведено е дека потребно е да се достави Решение за вршење угостителска дејност-сместување. Како да се обезбеди овој документ доколку објектот не е изграден?

Доколку објектот не е изграден , односно е предвиден да се гради како инвестиција со ИПАРД Мерка 7 тогаш овој документ ќе се доставите пред исплата кога ке се изгради и заврши објектот. 

Авг 13, 2020agrotim2
Во Дебар утре ќе се запрашува против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелитеДомашната винска индустрија трпи огромни штети од Ковид-19 кризата, неопходна е поддршка од државата за да се спречи колапс
Коментари: 2
  1. Mice
    25/01/2021 во 21:31

    Dali moze da se aplicira za renoviranje i modernizacija na postoecka svinjarska farma so pogolem kapacitet i nabavka na sortni grla na svinji?

    ОдговорОткажи
  2. Mice
    25/01/2021 во 21:34

    Dali moze da se aplicira za renoviranje i modernizacija na svinjarska farma so pogolem kapacitet i nabavka na sortni grla na svinji?

    ОдговорОткажи

Напишете коментар Откажи одговор

13/08/2020 2 Коментари ФондовиИпард, мерка, рурален развој, туризам, фондови876

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019
×