Компанијата Fresh line годинава вршеше откуп на јапонски јаболка кои беа пласирани на странските пазари.
Интересот од страна на земјоделците беше голем и на неколку откупни центри во Валандово, Росоман и Струмица го носеа родот за продажба. Вкупно се откупија 400 тони јапонско јаполко од различни сорти, но она што беше карактеристично за овој откуп беа посбербените активности кои ги примени откупувачот.
Компанијата Fresh Line за следната година најави организирање на Договорно производство со земјоделските производители кои имаат поголеми површини со јапонско јаболко. За таа цел уште сега се прават планови и стратегија со која треба да се организира целиот процес од склучување на договорите, производство на квалитетен род, до самиот откуп.
Во овој процес значително ќе помогне стручниот совет од врвниот експерт од Шпанија, господин Паскал кој беше дојден во нашата земја за да се запознае со начинот на производство на јапонската јаболка од страна на овоштарите. Со своето долгогодишно искуство направи значителен придонес во подобрувањето на нашите постбербени активности. Неговите совети и препораки беа од непроценливо значење за поддршката на нашите земјоделци, со посебен фокус на унапредување на квалитетот и квантитетот на производите. Благодарение на неговата експертиза, направивме чекор напред кон постигнување повисоки стандарди и конкурентност на пазарот.
Целта на доаѓањето на експертот за јапонско јаболко е да се добијат стручни совети и препораки во врска со најдобрите практики за одгледување, берба, постбербени процеси, складирање и продажба на јапонски јаболка. Експертот ќе помогне во оптимизација на процесите на нива, како и во подобрување на постбербените процеси за да се обезбеди квалитет на производите, нивно долго складирање и минимизирање на загубите. Дополнително, ќе понуди решенија за потенцијалните проблеми кои може да се појават во текот на овие фази – велат од компанијата.
Следниот период се очекува да се направи анализата на годинешниот откуп, плаќањето на земјоделците, искуството со странските партнери каде што се пласира јапонското јаболко и со ова искуство да се влезе во новата производствена сезона 2025 со Договорното производство за кое овоштарите покажаа интерес.
Проектот Договорно производство на јапонско јаболко во организација на компанијата Fresh line има поддршката од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.