Државниот завод за статистика соопшти дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година се зголемени за 3,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,6 %.
Зголемувањето на трошоците за живот од април до мај 2025 е кај храната и безалкохолни пијалаци од 4,1 проценти. Зголемувањето кај другите ставки е многу помало: Разновидни стоки и услуги за 1,5%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,8 %, Облека и обувки за 0,5%, Рекреација и култура за 0,4%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3%, Здравје за 0,1%.
Има и намалување на трошоците на животот, а најмногу е забележано кај транспортот од 3,6 отсто.