Минатата година компанијата Фреш Лајн откупи близу 400 тони јапонско јаболко од производители од неколку региони во државата. Интересот од страна на земјоделците беше голем и на неколку откупни центри во Валандово, Росоман и Струмица го носеа родот за продажба.
Еден од нив беше и производителот Горан Мишовски од Валандово. Со него разговараме за искуството од соработката со компанијата откупувач и плановите за вклучување во Договорното производство кое се најавува за оваа година.

– Под јапонска јаболка имаме вкупно 14,5 декари, од кои 11 декари обична јапонска јаболка, сорта Костата и 3.5 декари јапонска јаболка сорта Џиро. Насадот го одржуваме, односно ги работиме сами, целото семејството бидејки поради ниската цена, не сме во можност да ангажираме друга работна сила. Не се тешки за одгледување, најчест проблем е појавата на таканаречена крвна вошка која ги напаѓа листовите и плодовите. Со оглед на високите температури минатата година, задоволни сме од последната реколта – вели за Агротим Мишовски.

На прашањето за пласманот на јапонското јаболко, очекуван одговор дека тоа е најголемиот проблем.
-Еден од поголемите проблеми досега е неорганизираниот откуп на јапонските јаболки. Пласманот воопшто не е решен, ги продававмее на големо на различни откупувачи, кој ке ни понуди подобри услови во поглед на цена, рок на исплата и транспорт директно од насадот вели Мишовски и додава дека договорното производство е најдоброто решение за земјоделците.

– Договорното производство е добро за нас како земјоделци од повеке причини, прво ние како земјоделци не сме доволно информирани за побарувачката на јапонски јаболки, за ралика од фирмите кои полесно се снаоѓаат на принципите на пазарна економија, второ немаме доволно време за следење на корисни информации во поглед на правилно одгледување на насадите (кроење, заштита, ѓубрење, начин на берба) и трето немање на постојан откупувач, со кого би изградиле партнерски однос и би добиле и добар квалитет и добри приходи – ни изјави Мишовски.
Што се однесува до сработката со Фреш Лајн околу откупот, условите, цената и начин на плаќање, вели дека е многу задоволен и ќе ја продолжи соработката и оваа година со вклучување во Договорното производство кое се најави уште минатата година.

– Фреш Лајн, во однос на останатите откупувачи, понудија најдобри услови и ги исполнија условите кои беа понудени пред бербата на јапонските јаболки, што е многу важно за нас земјоделците, бидејки неколку години назад сме манипулирани и ја изгубивме таа доберба, која негативно делува уште во почетокот на производството. Затоа со право можам да кажам дека сме презадоволни од соработката со Фреш Лајн, бидејки ни овозможи откупот да се изврши на многу лесен начин за нас, цената беше добра во однос на останатиот пазар. Плаќањето се изврши дел како аванс во текот на бербата а останатиот дел веднаш по завршувањето на бербата. Ова ни се случува прв пат од постоењето на насадите од 1999 година.

Ќе продолжиме во соработка со нив, поради добрите услови кои ни ги понудија мината година, како и поради Довербата и добриот партнерски однос со откупувачот, посебно со Борис Шуперлиски, кој беше директно достапен секој момент пред и за време на бербата и неговата посветеност и организациска способност овозможи целосно да ги собереме нашите плодови. Да, би сакале да се вклучиме во Договорното производство со кое се надевам дека ке добиваме правилна стручна помош во текот на производството и најважно сигурен пласман – ни изјави Мишовски.
