Фамилијата Здравески од село Мусинци, Општина Могила е дел од проектот за Договорно производство на бессемена лубеница во организација на компанијата „Fresh line“ која ќе го откупи целото производство по цена однапред договорена.
Овие вредни земјоделци годинава на 2 ха површина засадија бессемена лубеница.
Во соработка со „Fresh line“ дојовме преку платформата Агротим каде беше споделено дека ќе се организира договорно производство на бесемена лубеница. Важно ни беше дека лубеницата ќе биде откупена по загарантирана цена, која ќе се извезува по европските држави – вели младиот Бојан Здравески од село Мусинци.
Го следиме нивното производство од расадување до берба со сите агротехнички мерки.
На ред е заштитата на лубениците:
За договорното производство на бессемена лубеница имаше голем интерес од страна на земјоделските производители благодарение на информираноста од страна на Агротим и поддршката од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ во целокупниот процес.