Во тек е потпишување на договори за производство на бессемена лубеница со компанијата „Fresh line“, која ќе врши откуп на лубеницата по однапред утврдена цена од 10 денари за килограм. Оваа откупна цена ќе биде загарантирана со самиот договор, но може да биде и повисока зависно од моменталната цена на берзата во време на берба, велат од компанијата. Земјоделските производители ќе добиваат регрес семе, а ќе имаат и поддршка во едукација и други сугестии во текот на производството.
„Она што ние го нудиме како договори, како услови за работа е дека секој производител кој ќе сака да пристапи кај нас за склучување на договор, ќе може да направиме договори во коишто семето што е за производство на таа лубеница, да го понудиме ние како некоја почетна основа за работа, а понатаму во договорот за откуп се наведува дека тоа семе ќе биде платено. Тоа е точно така направено затоа што таа семка е три до четири пати поскапа од другата. Ако една семка од некоја семена лубеница чини 3-4 денари, оваа чини околу 12 денари. Знам дека земјоделците и призводителите не се волни сето тоа да го направат сами на свој товар, а притоа, од интерес на сите е проектот да заживее. Односно, проектот веќе живее во одредени делови од Македонија, идејата е да го прошириме на повеќе региони каде што ќе добиеме производ од почетокот на сезоната на лубеници да речеме 10 јуни Валандовско-гевгелиско, да завршиме на 10 септември во некои други региони на Македонија.“
Повеќе информации околу договорното производство на бессемена лубеница можете да добиете од компанијата „Fresh line“ на телефонскиот број 071/788-640.