Младите се нашата иднина, затоа интензивно работиме на мерки со коишто ќе ги мотивираме младите да останат во својот роден крај и да бидат вклучени во развојот на земјоделството.
Оваа година финансиската поддршка за младите земјоделци ја зголемивме од 10.000 на 20.000 евра. Денеска го објавивме јавниот повик за „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“.
Во општина Дебарца, денеска посетивме еден од корисниците на финансиската поддршка за младите земјодеци од претходните јавни повици. Кристина Огненовска, е млада земјоделка којашто се занимава со пчеларство. Со помош на финансисаката поддршка од 10.000 евра од јавниот повик во 2017 набавила пчели и пчеларска опрема и сега има сопствен агробизнис.
Ве повикувам сите млади земјоделци до 40 години, од денеска до 10 -ти март годинава да поднесат барања за финансиска поддршка до 20.000 за овој повик и да ги мултиплицирате овие пари во интерес на нашиот заеднички развој.
Фејсбук статус на Трајан Димковски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
A nie shto imame 44 godini a rabotime zejodelie i stocarstvo.nie shto treba da pravime da begame od drzavava.jas i zenami ne sme vrabotani i ziveeme od stocarstvo i zemjodelie.i dali ne sledat nas da proshirime rabota ili zivot vo ovaa drzava ili da barame care inie kuferite da gi spremame.