Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агротим трибина во Свети Николе: Договорно производство и информации како да аплицирате за грант од 10.000 евра од програмата за финансирање на земјоделските производители на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Агротим трибина во Свети Николе: Договорно производство и информации како да аплицирате за грант од 10.000 евра од програмата за финансирање на земјоделските производители на храна
АгровестиДоговорно ПроизводствоФондови

Агротим трибина во Свети Николе: Договорно производство и информации како да аплицирате за грант од 10.000 евра од програмата за финансирање на земјоделските производители на храна

Последна измена: 13/11/2024 10:56
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Во организација на АГРОТИМ, во четврток (23 февруари 2023 г.) во Свети Николе ќе се одржи трибина на тема – Договорно производство на бессемена лубеница и промоција на новата Програма за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година.

Идејата за договорното производство на бессемена лубеница е на компанијата „Fresh line“ која ќе врши откуп на лубеницата по однапред утврдена цена од 10 денари за килограм. Оваа откупна цена ќе биде загарантирана со самиот договор, но може да биде и повисока зависно од моменталната цена на берзата во време на берба, велат од компанијата.

Исто така земјоделските производители ќе добиваат регрес семе, а ќе имаат и поддршка во едукација и други сугестии во текот на производството.

Се работи за производство на бессемена лубеница мини од 1-2,5 кг. и миди од 2,5-6 кг. Пласманот е обезбеден на странските пазари.

Ги покануваме сите заинтересирани земјоделци во Општинската сала во Свети Николе во 18.30 часот на средба на која директно од откупувачите ќе имаат можност да се запознаат со сите услови за соработка.

На трибината ќе бидат присутни и претставници од консултантската фирма Агротим кои ќе ги информираат земјоделските производители и за очекуваниот повик 10 000 евра и условите кои треба да се исполнат за да може да се аплицира за грант од 10 000 евра.

Очекуваме конструктивна и едукативна средба на која ќе се одговори на многу прашања и дилеми на земјоделците и многу други корисни информации на тема ИПАРД, мерките Млад земјоделец, Рурална жена и останати мерки на Владата.

Може да ви се допадне

Дезинсекција против комарци во Куманово
Во Кина измерени рекордни над 40 степени
(ВИДЕО) Климатските промени се закана на новото време: ЗК ПЕЛАГОНИЈА со стручност одговара на овие промени да произведе повеќе храна
Состојба на патиштата
ЕБОР: Македонија има направено импресивен чекор во нејзината зелена транзиција
Таг:евраземјоделцимзшвнајновопроизводители на хранасвети николесредбасубвенции
Претходен напис Кроење на калинка – Обликот на грмушката се формира две години по садењето
Следен напис Времето денеска сончево, кон крајот на денот наоблачување и слаб дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?