Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Агротим Консалтинг – нова можност за земјоделците и агробизнисмените да дојдат до европски фондови и грантови од Владата


Специјализираната земјоделска платформа Агротим.мк е приватен проект за информации и едукација на земјоделците и агробизнисмените за актуелните случувања во аграрот, стручни совети, вести од регионот и светот и промоција на мерките на Владата, кои се во интерес на поголем развој на македонскиот аграр.

Од неодамна портфолиото на Агротим се збогати со поддршка на пласманот на земјоделските производи преку своевидна Агроберза каде што земјоделци ги нудат своите производи но информираме и за побарувања од страна на откупни компании и трговци.

Најновата активност, односно сектор кој е од особена важност за сите во агрокомплексот е информации и подготовка на апликации за повици од страна на Владата за грантови од програмата за Рурален развој, „Млад земјоделец“, „Рурална жена“, ИПАРД, повици од Фондот за иновации и други можности за неповратни финансиски средства за модернизација и развој на компаниите и земјоделците.

Тим од искусни консултанти и експерти од различни области и професионалци заеднички го сочинуваат секторот АГРОТИМ КОНСАЛТИНГ.

Мисијата која ја поставивме со формирањето на секторот е поддршка на компаниите и земјоделските производители преку сериознен пристап и професионалност во изготвувањето на апликациите да се повлечат што повеќе средства од европските фондови, грантови или да се искористат поволни агрокредити.

Долгогодишното искуство во агросекторот ми покажа дека најважна е навремената и точна информација која треба да ја имаат земјоделците и компаниите за одредени повици и можности за користење на државна помош како и пари од европските и други фондови.

Овде важен аспект од целата активност е и стекнувањето на доверба во институциите кои се во функција на сите чинители во агрокомплексот, како и доверба во професионалците од оваа област – консултанти чии услуги треба да ги користат апликантите за да бидат сигурни во професионално изготвената апликација.

Повеќе информации околу актуелни повици и оние кои се очекуваат можете да добиете на телефонските броеви 070/ 267-789, 071/ 285-385 и 071 381 453 или на [email protected].

За крај, а како почеток на нашата соработка, почитувани земјоделци и агробизнисмени, сакам да ве охрабрам да аплицирате, да ги користите овие пари кои се наменети за ваш и развој на компаниите, да не бидете скептични да се обидеме заеднички да повлечеме што повеќе пари од најавениот ИПАРД 3 кој ќе биде близу 100 милиони евра, а тука секако се и мерките од Програмата за Рурален развој, како и очекуваниот повик од Фондот за Иновации и технолошки развој во висина од 320 000 евра.

Следете ја платформата Агротим.мк, комуницирајте со нас, прашувајте, интересирајте се и аплицирајте.

Така работат професионалци!

Ленче Николовска
Директорка на Агротим

Авг 24, 2022agrotim1
Николовски: Во 2017 година беа исплатени два милиона евра долг кон лозаритеIGC го ревидираше глобалното производство на житарки - Намалувањето главно се должи на падот на производството на пченка

Напишете коментар Откажи одговор

24/08/2022 Агровест, Фондовивлада, грант, економија, земјоделци, Ипард, консултанти, најново, пари, фондови2,256

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019