Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агротим: Ги повикуваме земјоделците да се вклучат во Договорното производство на БЕССЕМЕНА ЛУБЕНИЦА – сигурен пласман, гарантирана цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Агротим: Ги повикуваме земјоделците да се вклучат во Договорното производство на БЕССЕМЕНА ЛУБЕНИЦА – сигурен пласман, гарантирана цена
АгровестиДоговорно ПроизводствоПредлог бизнис

Агротим: Ги повикуваме земјоделците да се вклучат во Договорното производство на БЕССЕМЕНА ЛУБЕНИЦА – сигурен пласман, гарантирана цена

Последна измена: 13/11/2024 10:54
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Ги информираме земјоделците дека во тек е потпишување на нови договори за производство на бессемена лубеница. Проектот Договорно производство го организира компанијата „Fresh Line“ кои нудат склучување на договори со кои се гарантира откупот, пласманот и цената. Исто така компанијата откупувач нуди и експертска помош на терен како и авансирање на семето и расадот.

-Плановите за 2024 година, следнава сезона ни се поприлично амбициозни, од две причини, прво поради успешниот пилот проект од 2023 каде што имамавме успешно производство и испорака на нашите купци кои изразија задоволство од квалитетот на бессемената лубеница. И второ од трендот на европските пазари, интересот е зголемен до толку што е исклучена семената лубеница од полиците на странските супер маркети. Во Европа се бара само бессемена лубеница и затоа ние мора да го фатиме приклучокот на тие трендови и да си ја вратиме позицијата на Македонија како добар производител на лубеница, да станеме рамо до рамо со производителите од Италија и Шпанија – изјави Станиша Ивановиќ од „Fresh line“.

-Ланската година поминавме добро, се што произведовме беше со одличен квалитет, земјоделците беа задоволни, тоа што го договоривме се испочитува. Производителите се уверија дека производството на бессемена лубеница не е поразлично од семената лубеница. Годинава како и лани нудиме договори со производители каде што вкупното производство ќе биде откупено со заштитина цена. Договорите може да вклучува авансирање на семето и расадот бидејќи тие се 60% поскапи од другата лубеница – изјави Борис Шуперлиски од „Fresh line“.

Според најавите од заинтересирани земјоделци очекуваат поголема експанзија годинава што одговара и на нивните планови бидејќи се зголемува бројот на потенцијални купувачи кои сакаат бессемената лубеница, со што би ја покриле цела Европа.

Доколку сте заинтересирани да се вклучите во проектот, повеќе информации можете да добиете на телефонските броеви: 071 225-345 и 070 541-282

Може да ви се допадне

На Табановце се чека 40 минути, а на Богородица 30 минути
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничите премини
АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати
Исплатени субвенции за обележани женски грла говеда
Најпаметно ќе биде ако со британскиот заем се инвестира во Чебрен, велат експертите
Таг:бессеменадоговорно производстволубеницисубвенции
Претходен напис Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Следен напис Наутро студено, преку ден сончево и натпросечно топло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?